Сударшан Крија - Често поставувани прашања

 
П:Што се случи во текот на 10-те дена во Шимога?
Шри Шри: Сакав само да бидам во тишина. Имаше потреба да се направи нешто, да им се даде нешто на луѓето. По 10 дена, тоа се случи.
П: Беше ли тоа пробив, вистинско искуство на просветлување?
Шри Шри: Не, не. Кога сте тивки и започнувате да пишувате песна, така јас започнав да подучувам. Потоа се ширеше од човек на човек.
П: Се приклучив кон ‘Уметност на живеење’ на почетокот на оваа година и здравјето ми се подобри. Се чуствувам многу подобро кога вежбам.  Пред пет години ми дијагностицираа рак на дојката, и сега се покажаа добри резултати.
Шри Шри: Истражувањата покажаа дека имаме 300 гени во телото, 300 ДНА гени во телото кои се одговорни за проблеми со срцето, рак, дијабетес и други болести, и кога практикуваме Сударшан Крија и пранајами, овие гени се потиснуваат да не бидат активни. Прочитав статија за една болница во Њу Јорк, каде им велат на пациентите да пеат ‘ОМ’. Пред да третираат било кој со срцеви проблеми, им велат да пеат ‘ОМ’, пациентите се релаксираат и медитираат.
П: Како Сударшан Крија помага во лекување на болести?
Шри Шри: Сударшан Крија помага во спречување на многу болести. Професор од Универзитет во Осло, Норвешка, кој работи на истражување на гените, вели дека има 300 хромозоми кои се одговорни за хипертензија, рак, итн. И пранајамите и Сударшан Крија ги потиснуваат овие 300 хромозоми. Па, кај оној кој ги практикува овие техники постојат помалку шанси да ги добие овие болести.
П: Што е разликата помеѓу јога и Сударшан Крија?
Шри Шри: За жал, јогата се смета само како физички вежби. Тоа е само почеток, физичката вежба е само дел. Но, потоа доаѓа здивот и умот. Важно е да се навлезе во внатрешниот извор на енергија. Јогата никогаш не е комплетна без медитација. Сударшан Крија ве носи во длабока медитација каде телото, умот и здивот доаѓаат во ритам и се поврзуваат внатре длабоко со изворот на живот.
П: Дали некогаш се лутиш? Кое е решението за лутината?
Шри Шри: Ова е многу значајно прашање. Во моите 55 години, никогаш не сум кажал лош збор. Неможев да кажам. Налошото што некогаш сум го кажал е “глупав”. Некогаш сакам да покажам лутина но луѓето не ми веруваат.Тое е мојот проблем. Работите се одвиваат подобро со малку лутина. Лутината е добра ако сте свесни за неа. Треба да трае само колку што трае линија повлечена на површина на вода. Некои носат лутина од претходниот ден, претходниот месец, или од пред десет години. Умот страда. Исфрли ја лутината, фрустрацијата, љубомората и алчноста. Медитацијата ќе помогне. Пранајама, Сударшан Крија и јода се одговорите.