Дисменореја (Dysmenorrhea) е грчки збор кој во буквална смисла значи „болна менструација„. Претставува сет од абдоминални и карлични грчеви кои се чувствуваат пред и за време на менструацијата. Дисменорејата е предизвикана од контракции во матката и можат да се влошат со емоционален и физички стрес.
Предменструалниот синдром (ПМС) се карактеризира со непријатна ментална и физичка состојба која може да се јави две недели пред менструацијата.
Постои голема веројатност дека во предизвикувањето на ПМС е вклучена комбинација на физиолошки, генетски, нутриционистички и бихеворијални фактори. Некои од физиолошките манифестации на ПМС вклучуваат вознемиреност, депресија, иритабилност, лутина, збунетост и заборавеност. Физичките симптоми вклучуваат осетливост на градите, мигрена, гадење, промени во нивото на енергија, отекување на рацете и нозете, појава на чувство на надуеност, болки во грбот и потешкотии во спиењето.
Промените во начинот на живеење и исхраната ќе помогнат во справување со ПМС. Имањето здрав режим на исхрана ќе помогне во ослободувањето од вознемиреноста и депресијата. Кофеинот, алкохолот, шеќерите, солта и мастите исто така треба да се избегнуваат.
За олеснување на менструалната болка, се покажале како корисни неколку јога асани. Тие исто така можат да им помогнат на вашиот ум и тело да се адаптира на стрес, вознемиреност и депресија, правејќи ве вам да се чувствувате релаксирано и смирено.
Меѓутоа, важно е да се препознае потребата за понежни јога вежби. Абдоменот треба да остане неактивен за време на вежбата при што ќе се овозможи менструалниот тек да биде континуирано непопречен. Превиткувањата и вежбите со положба на телото наопаку треба целосно да се избегнуваат.
Еве неколку соодветни јога пози за олеснување на менструалната болка:
- Капалабати
- Сукшасана
- Мачка
- Поза на дете
- Кобра
- Чамец
- ПаванМукташана
- Риба Fish
- Брамари (лежечка позиција)
- Шавасана
- Надишодан Пранајама [1722:>