Тренинг за целокупна трансформација (8-13 години)
"Вистинската мерка за успех е среќно, здраво, стабилно дете кое е способно ефективно да се справи со животните предизвици."
-Шри Шри Рави Шанкар
Овозможена во практичен и забавен формат, оваа работилница е наменета за деца на возраст од 7 до 13 години. Работилницата Арт Ексел, преку техники со кои се постигнува мир во умот, ментална бистрина, фокус, физичка релаксација и емотивна стабилност, им помага на децата да ги развијат своите лични вештини и природен потенцијал.
За да бидат успешни во животот, на децата им се потребни не само академски, туку и животни вештини, кои се стекнуваат со работилницата Арт Ексел.
Преку забава, смеа, работа и игра во хармонија, децата учат скапоцени лекции за споделување и развивање на чувство за припадност со другите.
По завршување на работилницата, децата стануваат природни, поедноставни, поудобни во различни групи на луѓе и полесно се изразуваат. Активностите како запознавање на ново другарче секој ден и случајно изразување на добрина им помага на учесниците да станат свесни за потребите на другите и ја охрабруваат интеграцијата на човековите вредности во нивниот секојдневен живот. Децата на оваа програма и даваат позитивни оценки.
Во Арт Ексел децата учат:
- Шест клучеви до успех
- Јога и техники на дишење кои помагаат во отстранување на стравот и напнатоста
- Техники кои го подобруваат фокусот и концентрацијата
- Едноставна медитација и техники за релаксација
- Вештини за пријателство, лидерство и тимска работа.