Низ целиот свет, центрите на Уметност на живеење нудат неделно практикување во група, отворено за сите кои завршиле работилница во Уметност на живеење. Овие сесии ги водат учители од Уметност на живеење и се бесплатни. Сесиите во група се место каде може да го освежите вашето искуство со техниките за дишење, да го зацврснете домашното практикување и да се дружите со другите практиканти. За да го пронајдете најблискиот центар на Уметност на живеење во државата во која сте, употребете го локаторот во горниот десен агол на оваа страна.