Тајните на среќното семејство и врските

Не чекај фестивали, слави го секој момент со своето семејство

Можеш да го споделиш само она што го имаш.

Ако сакате вашето семејство да биде среќно и во хармонија, најпрво е потребно вие да бидете среќни и во мир со себе.

Научете ја тајната за вие да бидете тој извор на среќа, преку посебни и моќни техники на дишење и практични мудрости  на курсот на Уметност на живеење.

Ослободи се од  твоите емоции, не од  твојата љубов

Кога сме соочени со бура од емоции, завршуваме со кажување зборови  или постапки за кои подоцна жалиме. Тоа е така затоа што ниту дома,ниту на училиште не не научиле како да се справиме со гневот, тагата или било каква друга негативна емоција.

Тука учењето за здивот што се изучува на курсот на Уметност на живеење игра главна улога. За секој ритам во умот, има соодветен ритам во здивот. Значи, кога не можете директно да се справите со умот,тоа можете да го сторите  преку здивот.

Кога ќе ја разбереме моќта на дишењето, можеме да имаме контола над  нашите мисли и чувства. Можеме да го ослободиме гневот и негативните емоции по наша волја.

Практикувајќи редовно Sudarshan Kriya изучена во курсот на Уметност на живеење, си помагаме во ослободувањето на негативните емоции. Всушност, нивото на бес и стрес се намалува значително. Вашата способност да ги прифатите ситуациите се зголемува.  Наместо да реагирате импулсивно, вие имате способност соодветно да  одговорите на ситуацијата и да преземете рационална акција.

За љубовта да остане свежа цело време, треба да се издигнете над првичната привлечност и секогаш променливите емоции. Без разлика какви емоции доаѓаат и си одат, здобијте се со способноста да уживате во животот со својот сакан.

Надминување на јазот во комуникацијата

уфф... стварно не сакав да го кажам тоа, како не разбираш?…”

Стресот создава видлив јаз помеѓу вашите мисли, зборови и дејствија.

Само кога умот е ослободен од стрес, вие имате јасност во перцепцијата, вашите зборови стануваат појасни, а вашите дејствија се понежни.

Изрази го неизразливото подобро

Како што семето не 'рти ако се посее  на површината, ниту ако се закопа предлабоко во земјата – треба да биде посеано малку под површината за да процути и да стане растение.

На истиот начин, на изразувањето на љубовта и треба скромност, а медитацијата прави ова да се случи без напор.

Техниките што се изучуваат на курсот во  Уметност на живеење помагаат во релаксирањето и ослободувањето од стресот, не прават посвесни и почувствителни спрема членовите во семејството, правејќи го полесно себеизразувањето и сваќањето од  страна на другите.

Направете чекор за да внесете во вашиот дом бранови на мир, љубов и среќа...

 

 
Founded in 1981 by Sri Sri Ravi Shankar,The Art of Living is an educational and humanitarian movement engaged in stress-management and service initiatives.Read More