Работилницата Уметност на тишината обезбедува оптимални услови за подлабоко навлегување во себе, стивнување на нашиот ментален разговор, доживување на длабок одмор и внатрешен мир. Практикувањето на тишина – свесно повлекување на нашата енергија и внимание од надворешните вознемирувања – се користела во различни традиции низ времето како патека кон физичка, ментална и духовна обнова. Со учество во различни процеси на работилницата, специјално дизајнирани да не однесат над нашиот постојано активен ум, доживуваме прекрасно чувство на мир и обновена енергијата што ги носиме со нас дома. Карактеристики на работилницата:
- Јога за подмладување
- Два до три дена водена пракса во тишина
- Уникатни водени медитации дизајнирани од Шри Шри Рави Шанкар
- Напредни техники на дишење кои можат да се практикуваат дома по завршување на работилницата
- Напреден увид на законите кои се однесуваат на нашиот ум и емоции. Работилницата обично се одржуваат на места опкружени со природна убавина и спокојство. Не е ни чудо што многу учесници оваа работилница ја сметаат како идеален одмор за телото, умот и духот.
Предуслов
Founded in 1981 by Sri Sri Ravi Shankar,The Art of Living is an educational and humanitarian movement engaged in stress-management and service initiatives.Read More