На поединечно ниво, програмите за личен развој на Гурудев им помогнале на стотици милиони луѓе ширум светот да доживеат олеснување од стресот и да постигнат состојба на мир и благосостојба. Овие програми се темелат на древните техники на јога, прилагодени на современите потреби, заедно со уникатната понуда на Гурудев – Сударшан Крија™, моќна техника за дишење која овозможува физичко, ментално и емоционално благосостојба. Независни медицински истражувања од угледни медицински институции ја документирале ефикасноста на овие техники во ублажувањето на депресијата, намалувањето на кортизолот (хормон на стрес) и јакнењето на имунолошкиот систем.
Силата на неговата порака предизвикала пораст на услуги преку голема мрежа на волонтери ширум светот.
Како почитуван глобален лидер, Гурудев има играно клучни улоги во мировните преговори ширум светот. Од Кашмир, Асам и Бихар во Индија, до Колумбија, Косово, Ирак и Сирија, и Обала на Слоновата Коска, програмите на Гурудев имаат документиран ефект на луѓето кои биле вклучени во вооружени конфликти, поттикнувајќи ги да го следат патот на мирот. Во светот оптоварен со ескалирање на насилството и конфликтите, Гурудев нуди друг пат, каде што поединците наоѓаат мир во себе, кој станува извор на мир и хармонија во општеството.