Happiness Program

 

Немојте да бидете задоволни со малку среќа

Дали чувствувате дека среќата ви е честопати далеку од дофат?

 
Откријте како Програмата на среќата од Уметност на живеење може да ви помогне повторно да ја откриете радоста, да се справите со стресовите во секојдневниот живот и да станете помирни, и со поголема самодоверба посигурни во вас.

 

 

Немојте да бидете задоволни со малку среќа

Дали чувствувате дека среќата ви е честопати далеку од дофат? 
Откријте како Програмата на среќата од Уметност на живеење може да ви помогне повторно да ја откриете радоста, да се справите со стресовите во секојдневниот живот и да станете помирни, и со поголема самодоверба посигурни во вас.

 

 

  • „Го менува животот”

  • „Можеби е најбрзорастечката духовна практика на планетата”

  • „Како свеж воздух за милиони луѓе

  • „Ветува ослободување од депресија”

Ако се борите да останете среќни, смирени и фокусирани, може да ви биде тешко да излезете од тој зачаран круг.

Ако се чувствувате заробени, фрустрирани или презаситени од вашиот живот, не можете само да „посакате сѐ да исчезне“. Длабоко во себе знаете дека е време да направите промена.

Преку испробана и тестирана комбинација јога асани, моќни вежби за дишење, медитација и практична мудрост, Програмата на среќата од Уметност на живеење ќе ви помогне да живеете живот онака како што секогаш сте сакале:

смирено, самоуверено и со помош на алатки кои ви се потребни за да се справите со било каков предизвик кој животот го фрла пред вас.

Како Програмата на среќата ви помага

Креирајте трајна среќа

Преку практични техники и алатки за само-поттикнување, ќе откриете како да го смирите умот и како да бидете целосно присутни и живи. Потоа, ќе можете да останете во мир и радост, дури и кога се соочувате со зголемените барања на современиот живот.

Поврзете се полесно во сите ваши релации

Оваа програма не е само за справување со себе... Исто така, помага подлабоко и полесно да се поврзете со другите, за да можете да уживате во посреќни, посигурни и стабилни релации со старите и со новите пријатели.

Научете практика која останува за цел живот

Научете нови вештини и ефективна практика која може да ја вежбате дома, за да ја зајакнете вашата еластичност и да ја продлабочите радоста. Плус, добијте пристап до групите за неделна пракса, за подобрување на вашите вештини и одржување на енергијата по работилницата.  

Моќна програма која за вас ја осмислиле сочувствителни експерти.

Шри Шри Рави Шанкар, хуманитарен водач, духовен учител и амбасадор на мирот, креатор на Програмата на среќата и Сударшан крија.

Откако долги години подучуваше медитација, Шри Шри Рави Шанкар ја разви  Програмата за среќа и нејзината главна техника за дишење, Сударшан крија, која ефикасно го намалува стресот и се чини дека, без напор ги води луѓето во состојба на длабока медитација.   

Милиони луѓе ширум светот, вклучувајќи десетици најбогати компании, олимписки спортисти, врвни деловни школи и извршни директори ја открија моќта на Сударшан крија.

Нашите партнерски непрофитни организации ги користи истите техники во општествено корисни проекти за поддршка на потребите на заедниците. Војните ветерани, студентите во ризик, затворениците и жртвите од катастрофални непогоди, сите искусија ослободување од траума и стрес.

Програмата на среќа од Уметност на живеење: уникатно моќна комбинација

Програмата на среќа се одржува во текот на 3 релаксирачки, но сепак фокусирани денови.
Еве само некои од уникатните придобивки кои ќе ги доживеете:

Брзо и ефикасно намалете го стресот

со помош на сопствениот здив

Програмата за среќата ви дава стручна обука во низа техники на јогинско дишење кои можат да го намалат вашиот стрес, да ја ослободат анксиозноста и депресијата и да ве вратат во јасна и позитивна состојба на умот.  

Стекнете отпорност

со совладување на умот

Разбирањето на природата на умот ви дава поголема перспектива во животот. Ова ви овозможува да не се вознемирувате од работи кои порано ви предизвикувале фрустрација, нетрпеливост, грижа итн.

Направете ја полесна медитацијата

со Сударшан крија

Сте се обиделе да медитирате, но сте се фрустрилале заради вашиот немирен ум. Главната техника на Програмата за среќа, Сударшан крија, е едноставна, но моќна техника на дишење која без напор ве води во длабока состојба на медитација. 

Длабоко релаксирајте се

со водена јога и медитација

Уживајте во нашиот пристап без напор... Научете лесни јога позиции што можете да ги вклучите во вашиот ден за подобро здравје, фокус и релаксација. Уникатни водени медитации кои ви даваат увид на убавината во себе.

Програма од 3 дена. Среќа за цел живот.

 

Научите дневна практика што можете да ја вежбате дома

Целта на тридневната работилница „Програма на среќата“ е да ве обучи и да ви даде поддршка за да продолжите и дома со користење на овие моќни техники за дишење. Истражувањата покажуваат дека нивото на кортизол може да се намали и за 50% уште првиот ден и ќе продолжи да се намалува доколку редовно вежбате. Ќе ве научиме едноставна, ефикасна техника за дишење што ќе можете да ја практикувате дома секој ден, за да се ослободите од стресот и да започнете секој нов ден одново: чувствувајќи се јасно, самоуверено и среќно.  

ПЛУС: неделно практикување со групи

Програмата на среќата не завршува по 3-дневниот семинар. Вие, исто така, ќе може да се придружите на неделните групи за вежбање Сударшан крија и ќе можете да присуствувате на овие средби каде и да сте во светот.

Ќе се дружите со луѓе, истомисленици, позитивни и сочувствителни,  и заедно ќе ги развивате вашите практики за да го извлечете најдоброто од животот.

Споделете го вашето патување и опкружете се со среќа!

Откријте ја моќта на вежбите за дишење на Уметност на живеење

70 независни студии за Сударшан крија и сродните практики 

Од намалување на стресот до подобар одмор, овие техники имаат демонстрирано мерливо влијание врз квалитетот на животот.

Повеќе од 70 самостојни студии спроведени на четири континенти и објавени во научни списанија со рецензии, покажаа широк спектар на придобивки од практикувањето на Сударшан крија и другите вежби за дишење научени за време на Програмата на среќа.

Research Result Key Findings
Deep Sleep and Wellbeing Increase

Што велат луѓето за Програмата на среќата

Од „aнксиозно и расеано“, до „фокусирано и самоуверено“

„Пред да научам Сударшан крија, тешко се опуштав и дишев. Бев вознемирена и расеана. Сега кога ја имам оваа техника, многу повеќе сум фокусирана и сигурна во себе. Може да изразам поголема љубов кон себе и кон другите.  Имам поголема фокусираност и будност“.

- Самора С., актерка

„Значително ја подобри мојата способност да останам смирен“​

„Главната придобивка е што  значително се подоби мојата способност да останам смирен кога сум под стрес, уморен или лут. Порано мислев дека овие практики се за луѓе кои правеле многу малку, но всушност  е спротивно. Имам многу обврски и  мора да бидам ефективнен како лидер. Сударшан кријата ме одржува да се движам во вистинската насока“.

- Кларк Вајтерспун, наставник

 

„Ми помогна да ги излекувам старите рани“

„Учењето да управувам со сопствениот ум и тело преку техниките за дишење навистина беше најголем подарок. Вежбањето Сударшан крија секој ден ми помогна да ги излекувам раните од минатото, да станам посигурна во себеси и повеќе свесна за сè во мојот живот, за да можам да бидам подобра јас.“

- Бретања Потер, претприемач

„Преобразена во ново, во живост и невиност!“

„Имам четири деца и сум самохран родител. Бев депресивна. Лековите не помогнаа. После семинарот, ги вежбам техниките кога се чувствувам вознемирена, а непријатна емоција се измива и се претворам во ново, во живост и невиност! Постојано се радувам на целиот процес и сум многу благодарна, полна со благодарност што се случува. Се чувствувам како преку оваа практика да ја пронајдов  мојата цел во животот“.

- Лилијан Б., музичар, уметник и писател, Смитфилд, Северна Каролина, САД

Одма подобро здравје“

„Бев многу болна. Единствено што ми помогна освен алопатската медицина беше пранајамата. Тоа беше целосна промена (по семинарите Програма на среќата и семинарот за тишина). Јас бев веднаш многу поздрава. Мојот ум стана јасен, и ми стана поудобно во моето тело. Исто така, луѓето цело време коментираа за мојата кожа, па мислам дека помогна и при анти-стареењето. Тоа е секако добра придобивка“.

- Патриша, пензиониран наставник, Винстон, САД

„Одам на работа со подобри мисли“

„Да се готви храна што ги прави луѓето среќни ми носи многу радост. И кога ќе дојдам на работа (откако ќе ги извежбам своите практики), веќе сум фокусиран, полесно ги планирам менијата и ги делегирам задачите на другите луѓе. Работата со другите луѓе е полесна. Сега доаѓам да работам со многу подобри мисли, а тоа пак дава подобар квалитет на работата и на начинот со кој се справувам со луѓето на работа. Само начинот на кој ги обработувам емоциите, мислите и чувствата е различен од порано “.

- Дан, Бун

„Целата моја личност се промени“

„Ми дијагностицираа хипертензија (висок крвен притисок) на возраст од 19 години. Почнав да практикувам Сударшан крија на 21 година; поминаа 6 години и јас сум толку нормален и здрав, како што можев да сонувам. Целокупната моја личност се трансформираше. Обожавам да ги практикувам Сударшан крија и Сахај Самади медитацијата ... мојата вродена перцепција за животот оттогаш стана многу позитивна. Претходно не бев тука за мене - сега сум тука за другите“.

- Апхинав Капри

„Ме извлече од мојата депресија“

„Бев во умерена депресија. Не сакав да јадам. Не можев да се фокусирам на ништо во животот. Во основа бев во многу, многу лоша состојба на умот (депресијата го прави тоа) и немав идеја како да се извлечам. Потоа почнав со Сударшан крија. За 1 месец одкога започнав да практикувам Сударшан крија, почнав да се враќам кон вообичаената јас, пред депресијата. Моето здравје значително се подобри. Порано јадев како птица, сега добро јадам. И спијам подобро“.

„Ме направи посамоуверена и социјална личност“

„Практикувам  Сударшан крија веќе 5 години. Порано многу пелтечев, но оваа техника на дишење ми помогна да го надминам проблемот и ме направи посигурна и социјална личност. Исто така, ми помогна да ги намалам проблемите со синусите“.

-Пракаш Поруа

„Ми помага да се опуштам кога сум под стрес“

"Сударшан кријата ми помага да се опуштам кога сум под стрес и да одржам високо нивото на енергија. Токму утрово, се разбудив на „погрешната страна“ на креветот. Па, веднаш ја извежбав кријата и потоа моето расположение целосно се промени. Сè уште сум изненаден од тоа колку е ефикасна техниката“.

- Брукс Хасиг, дизајнер, Сан Франциско

Често поставувани прашања

Ready to start living your life the way you've always wanted to?

Join the Art of Living Happiness Program and develop effective skills for lasting happiness

  • Discover secrets of the breath with the powerful Sudarshan Kriya and related yogic breathing techniques which reduce stress, raise energy and give you a clear, positive state of mind.
  • Regain control of your own mind and emotions – develop a stress-busting attitude that gives you more perspective on life, and helps you deal more effectively with frustration, impatience and other difficult emotions.
  • Get tools to last a lifetime – Get expert training in breathing techniques that can benefit you for the rest of your life, including a practice you can continue at home.