Напредни работилници

Програма за благослов

"Во состојба кога не сакаме ништо... благословите што протекуваат се материјализираат" – Шри Шри Рави Шанкар                                                                                                          

Работилницата за благослов е суптилна, но моќна програма која вклучува уникатни процеси и медитации, дизајнирани да го внесат поединецот во длабока состојба на благодарност и исполнетост. Учесниците велат дека од било која работилница која дотогаш ја посетиле, на оваа работилница најмногу станале свесни за огромната милост која тече низ нив.

Предуслов

Две напредни работилници

Регистрирај се 

Направи нешто сега (ДСН)

ДСН е ригорозна и трансформирачка работилница која ги поттикнува учесниците да ги скршат личните препреки и да допрат до внатрешната стабилност и моќ.

Секој од нас има длабока желба да биде најдобар – за нас, за нашата фамилија, нашата заедница, за светот – но, многумина од нас имаат лични препреки, стари навики, емотивни рани и стравови кои не држат назад и настрана од живеењето на животот со целосен потенцијал.

За да се помине преку личните препреки и да се постигне сопствен раст, ДСН користи комбинација на јога, моќни процеси и длабоко духовно знаење, и овозможува целосно да бидеме на располагање на самите себе и на другите околу нас.

Предуслов

Уметност на среќата или YES!+
Уметност на тишината (Напредна работилница)

Регистрирај се

Работилница Гуру Пуџа 1 и 2

Гуру Пуџа е традиционална церемонија на благодарност во чест на лозата на духовните учители кои биле чувари на знаењето за Сепството. Под прекрасното водство на Бану, сестрата на Шри Шри Рави Шанкар, се учи пеење и изведување на Гуру Пуџа. Пеењето Гуру Пуџа ги обединува нашите умови со оваа традиција на учители. Многу учесници за време на работилницата и изведувањето на пуџата,  почувствувале присуство на Божественото. Работилницата исто така вклучува прекрасно древно знаење, интересни гуру приказнии и длабоко чувство на присуство на овие учители.

Работилницата се состои од два дела:

Прв дел: За време на првиот дел се учи пеење пуџа и се истражуваат мистериите на Ведското знаење и традиции.

Втор дел: Во овој дел се добиваат квалификаци потребни да се повика лозата на духовните учители преку пеењето на пуџа, што се учи за време на првиот дел на Гуру Пуџа.

Предуслов:

Учител во Уметност на живеење или учителски тренинг прв дел + 2 напредни работилници + Уметност на медитација: Сахаџ Самади или 4 напредни работилници + Уметност на медитација: Сахаџ Самади.

Регистрирај се 

Процес на вечноста

Душата е вечна и била овде многу одамна уште пред да постои во сегашното наше физичко тело и ќе продолжи да постои и откако ова тело ќе се претвори во пепел.
Процесот на вечноста е техника за враќање во изминатите животи, која обезбедува алатка за отповикување настани од нашите минати животи кои можат да бидат причина за моменталниот модел на однесување. Овие модели можат да бидат ментални или физички, или нешто што треба да се смени или  разбере. Процесот помага во чистење на впечатоците од минатото кои можеби го блокираат развојот во животот и така овозможува живеење повеќе во сегашниот миг.

Процесот на вечноста е сесија која трае два до три часа со искуство слично на длабока водена медитација.

Предуслов

3 напредни работилници, вклучувајќи еден со Гуруџи

Регистрирај се 

 

Founded in 1981 by Sri Sri Ravi Shankar,The Art of Living is an educational and humanitarian movement engaged in stress-management and service initiatives.Read More