Иако знаеме дека гневот не е добар, сепак кога ќе надојдат емоциите не сме во состојба да ги контролираме. Низ целото детство сме учеле дека "Не треба да се лутиме", но останува прашањето "Како да не се лутиме?" Што да правиме кога ќе надојдат грмотевици од емоции?
Најпрво треба да го разбереме коренот на она што предизвикува гнев за да може да добиеме одговор како да се справиме со гневот.
Разбирање на гневот
Дали сте забележале дека кога ќе видите несовршенство околу вас, не сте во можност да го прифатите? На пример, кога некој ќе направи нешто погрешно, гневот расте како бран, а потоа се смирува, оставајќи ве потресени и понекогаш тажни.
Ние не сме свесни кога сме лути. Првиот чекор е да сфатиме дека лутината не може да ја отстрани несовршеноста. Следно е да знаеме дека само кога ќе ја прифатиме ситуацијата каква што е, свесно ќе можеме да ја поправиме. Можеби ќе помислите дека ова е полесно да се каже отколку да се направи. Каква е состојбата на умот кога овие зборови ќе станат искуство? Никогаш не е лесно дирекно да се справиме со умот или со емоциите. Затоа ни се потребни одредени техники.
Има три важни аспекти. Ако се справиме со нив, тогаш ќе можеме да се справиме и со гневот.
- Немир во телото и во умот
- Минати силни впечатоци на гнев во умот
- Недостаток на свест и прифаќање на несовршеностите (или грешките)
Да ги разгледаме еден по еден.
Справување со немирот во телото и умот
Вие сте она што јадете
Дали сте приметиле дека во одредени денови се чувствувате смирени и опуштени, а во други денови многу нетрпеливи? Храната што ја јадеме во голема мера влијае на нашиот ум и на нашите емоции. Одредени видови на храна носат немир во умот и во телото. Избегнувањето на ваква храна ќе ни помогне да го намалиме гневот. Во овој вид главно спаѓаат невегетеријанската, зачинета и мрсна храна.
Почувствувајте ја моќта на одморот!
Како се чувствувате наутро ако претходната ноќ не сте спиеле добро? Дали се лутите почесто? Уморот во телото може да доведе до иритација и вознемиреност во умот. Спиењето 6-8 часа дневно е многу важно. Ова обезбедува вистински одмор за телото и умот и веројатноста да се вознемирите станува помала.
Истегнувањето во јогата влијае благотворно!
Десет до петнаесет минути јога асани ќе помогне во отстранувањето на немирот во телото. Добро е да се започне со неколку рунди "Поздрав на Сонцето". Предноста на јога асаните над физичките вежби е тоа што јога асаните се синхронизираат со здивот и го зголемуваат нивото на енергија, обезбедувајќи при тоа физичка еластичност.
Пријам Кана вели: "Во одредени денови кога сум под голем стрес, чувствувам голема вкочанетост во моето тело. Ова ми предизвикува немир и вознемиреност и многу лесно се лутам. Јогата ја отстранува вкочанетоста од телото и резултатот е релаксиран и среќен ум."
Направете го умот најдобар пријател
Пранајамите како Бастрика и Нади шодан помагаат во намалување на немирот во умот. Кога умот е мирен и тивок, помала е веројатноста да станеме гневни или вознемирени.
Вашиот противотров за сите времиња
Неколку длабоки вдишувања и издишувања веднаш ќе ни помогнат да ја намалиме лутината. Во моментот кога ќе станете гневни, затворете ги очите вдишете и издишете неколку пати и набљудувајте ја промената на состојбата во умот. Здивот го ослободува стресот и му помага на умот да се смири.
20-минутно патување
Редовното практикување на јога, пранајама и внимание на исхраната помага во смирувањето, но како да се одржи мирната и избалансирана состојба на умот? Одговорот е - медитирајте редовно. Секојдневно 20-минутно медитирање е доволно за цел ден.
Дали го направивте процесот Хммм?
"Медитацијата ме држи смирен и подалеку од гневот," споделува Сурби Шарма
Ова е уште еден моментален противотров за гневот. Правењето на процесот Хмм одзема една до две минути но веднаш ќе ве направи посмирени. Погледнете го видеото за да научите како се прави процесот Хмммм.
Inspired by Sri Sri Ravi Shankar's wisdom talks
By Divya Sachdev. Based on inputs by Bharathy Harish, a Sahaj Samadhi Meditation Teacher.